Фудбалерот на норвешкиот второлигаш Конгсвингер, 20-годишниот Адријан Лилебек Овлиен починал во петокот наутро од инфекција на крвта, потврдија од тимот.
„Нашите мисли се со семејството и неговите најблиски и бараме неговите тренери, менаџери и соиграчи да бидат поштедени од медиумите, а сите прашања да се упатат кон директорот на клубот Хенинг Андерсен“, се вели во соопштението на клубот.
Овлиен и покрај тоа што имаше само 20 години, имаше 114 настапи за Конгсвингер по дебито во 2013 година и се сметаше за најголем талент во клубот. Тој последниот меч го одиграл во понеделникот во пријателскиот меч против кинескиот им Сичуан Лонгфа. Овлиен беше постојан член на младинската репрезентација на Норвешка.
Неговата смрт доаѓа во лоша година за фудбалот, откако италијанскиот фудбал беше во шок по смртта во сон на капитенот на Фиорентина, Давиде Астори, за само неколку дена подоцна, исто така во сон да почине Томас Родригез, 18-годишен фудбалер на францускиот второлигаш Тур.
Нова трагедија во фудбалот – 18-годишниот Родригез почина во сон!