Top Sport

Реал и Зидан имаат проблем – Ветераните не можат сами да ја изнесат сезоната

Тренерот на Реал Мадрид, Зинедин Зидан, се соочува со сериозни проблеми, пишуваат „АС“ и „Марка“, медиуми кои традиционално му се наклонети на „кралскиот клуб“.

Скапо платените засилувања речиси и да не го гледаат теренот, Феде Валверде е вон форма, поради што товарот паѓа врз плеќите на најискусните.

Едер Милитао, Лука Јовиќ, Мартин Едегард и Алваро Одриозола, на последните неколку натпревари воопшто не играат, додека Валверде играше во завршниците на последните четири натпревари.

Проблем е што за Милитао, Јовиќ, Одриозола и Едегард, Реал има потрошено 150 милиони евра. Ниту еден од нов не е постар од 25 години, треба да бидат иднината на клубот, но со улогите што ги имаат кај Зидан, такво не нешто едноставно е невозможно.

Начо редовно има предност пред Милитао, кога во срцето на одбраната ги нема Варан или Рамос. Јовиќ нема шанси да фати место крај Бензема, Србинот од Маријано Дијаз го загуби и статусот на втор напаѓач. Слична е и ситуацијата со Одриозола, кога не игра Карвахал, десен бек кај Зидан е Лукас Васкез. Поради тоа Одриозола побарал клубот да му дозволи да си замине.

Едегард не успева да се наметне во конкуренција на Крос, Касемиро и Модриќ. Норвежанецот, последен пат започнал натпревар на 1.декември против Шахтјор, а потоа во наредните четири натпревари одиграл само шест минути.

Валверде, кој до „локаутот“, поради коронавирусот, беше еден од најдобрите во тимот, сега не може да ја најде формата.

„Очигледно е дека Зидан повторно смета само на ветераните, на старата гарда која му ги донесе најголемите успеси во тренерската кариера. Тоа имаше смисол додека тимот победуваше и изгледаше добро, но сега нивната форма паѓа, а Зидан не менува ништо. Се очекуваше дека ќе ги користи Едегард и Валверде, но тој тоа не го прави. Ќе биде интересно да се види како по ова прашање ќе реагира клубот“, пишува „Макра“.

„Наведените играчи би можеле да ја вратат формата, но засега ова не изгледа добро, ниту за нив ниту за Реал“, наведува „АС“.

Scroll to Top