Мино Рајола, еден од најпознатите фудбалски менаџери на светот, е под истрага на холандските власти поради шема за затајување данок и измама, тврди италијанскиот весник „Ил фато квотидијано“.
Рајола, наводно, преку својата компанија „Мегвајр текс & лигал“ со седиште во Амстердам, затаил данок од 2014 до 2017 година, пријавувајќи помали суми на трансферите. По трансферот на Пол Погба од Јувентус во Манчестер јунајтед, кој вредел 105 милиони евра, тој заработи околу 30-тина милиони евра, додека пријавил приход помалку од половина од реалната сума.
„Тоа не е моја работа. Ако моите клиенти користеле даночни олеснувања, тоа не значи дека јас ги приморував да го прават тоа. Не сум воопшто загрижен. Јас не сум холандски државјанин, живеам во Монако и немам компанија во Амстердам“, изјави Италијанецот.
Рајола под „контрола“ има околу 60-тина фудбалери, меѓу кои имиња како Златан Ибрахимовиќ, Погба, Ромелу Лукаку, Марко Верати, Џанлуиџи Донарума, Хенрик Мхитарјан и Марио Балотели.
Italian papers today claim Dutch authorities are investigating agent Mino Raiola and his clients for potential tax fraud https://t.co/f4SSvmd4ht #MUFC #ACMilan #Juventus #SerieA #OGCNice pic.twitter.com/uql9aJgXYn
— footballitalia (@footballitalia) March 16, 2018