Луис Хамилтон вчера потпиша договор со славната модна компанија „Томи Хилфигер“, остварувајќи една од своите „цели“ во животот, по што компанијата објави видео во кое четирикратниот Ф1 шампион го вози супермоделот Џиџи Хадид на патеката Поконо во Пенсилванија.
31-годишниот актуелен шампион се подготвува за одбрана на титулата почнувајќи од следниот викенд, но имаше доволно време да го вози Мерцедес-АМГ ГТС на патеката Поконо, а реакциите се навистина одлични.