Италијанскиот второлигаш СПАЛ се пласираше во четвртфиналето на италијанскиот Куп откако како гостин славеше со 2-0 против тимот на Сасуоло.
Гостите од Ферара до предност од 1-0 дојдоа во 49 минута преку Симоне Мисироли, а конечниот резултат го постави Лоренцо Дикман во 58 минута.
СПАЛ за пласман меѓу четирите најдобри во Купот ќе се бори против италијанскиот шампион Јувентус кој синоќа потешко од очекувањата, по продолженија ја елиминираше екипата на Џенова.