Top Sport

Оукленд го откажа настапот на Светското клупско првенство во Катар

Фудбалскиот клуб Оукленд Јунајтед од Нов Зеланд се откажа од настап на Светското клупско првенство што идниот месец треба да се одржи во Катар. ФИФА објави дека новозеландскиот клуб го откажал настапот поради ограничувањата што ги вовеле тамошните власти поврзани со пандемијата на Ковид 19.

Инаку, Оукленд деветпати ја освојува Лигата на шампиони на Океанија.

Светското клупско првенство во Катар ќе започне на 1 февруари и ќе трае до 11 тој месец, а на него ќе настапат Баерн Минхен, домашниот тим Ал Духаил, египетски Ал Ахли, мексикански Тигрес, јужнокорејски Улсан и победникот од финалето во Копа Либертадорес што се игра на 30. овој месец меѓу Сантос и Палмеирас.

Scroll to Top