Top Sport

Миливојевиќ и Батшуаи во голема тепачка на тренингот на Кристал палас

Капитенот на Кристал палас, Србинот Лука Миливојевиќ и белгискиот напаѓач Мичи Батшуаи морале да бидат разделувани од соиграчите по тепачката која се случила пред вчерашното реми со Арсенал, јавува „Дејли мејл“.

Според весникот, Миливојевиќ се налутил на однесувањето на Батшуаи при тренинзи со подавања, во кој фудбалерите требало да си го оценуваат примањето на топката со силни удари. Капитенот сметал дека Батшуаи претерал со силината на ударот и ја шутнал топката директно во Белгиецот од голема близина, по што се размениле тупаници, а Миливојевиќ завршил на тревата, каде што продолжил да се бори со Батшуаи.

Миливојевиќ потоа одигра 89 минути од мечот на „Емирати“ (0:0), Батшуаи остана на клупата, а Палас беа блиску до победа со неколку добри шанси.

Ова е втор случај во кој дисциплината на Миливојевиќ е под знак прашалник, откако Србинот го прекршил британскиот закон со новогодишната забава со најмалку седум луѓе, меѓу кои и напаѓачот на Фулам, Александар Митровиќ, за што потоа се извини.

Scroll to Top