Репрезентативците на Белорусија прв обезбедија пласман во втората фаза на Светското првенство во ракомет. Белорусите, во првиот меч од второто коло, во Х-групата, ја победија Јужна Кореја со 32:24.
Белорусија лесно се справи со Б-репрезентацијата на Јужна Кореја. Корејците беа во игра само во првите 15 минути, Белорусите потоа малку го засилија темпото и на полувреме имаа предност од шест гола.
Во вториот дел Белорусија имаше и двоцифрена предност, по што го спуштија темпото, па Кореја избори пристоен пораз.
Најефикасни кај Белорусија беа Ваилипау со осум, Каралек со шест и Кулак со пет гола. Јужна Кореја ја предводеше Кин Џинјунг со осум гола.