Македонската ракометна репрезентација се наоѓа пред нов тежок пораз на 27 Светско првенство. По првиот дел домаќинот на Мундијалот, Египет води против Македонија со 20:6.
Македонските ракометари лошо влегоа во натпреварот, им овозможија на домаќините по само десет минути игра да се одлепат на предност од четири гола (7:3), четири минути подоцна по 10 гол на Египет, Данило Брестовац побара минута одмор.
По тајм-аутот Македонија одговори со три гола, намали на 10:6 во 18.минута и тука застана. Во истата минута судијките од Франција, сестрите Бонавентура, му покажаа црвен картон на Кузмановски.
Од тој момент Египет повторно се врати во ритам и до крајот на полувремето го наполни голот на македонската репрезентација.
Во 26.минута, Египет создаде двоцифрена предност 16:6, а првиот дел „фараоните“ го завршија со 14 гола повеќе од противниците (20:6).