Ерика Канела е подготвена да го тужи Кристијано Роналдо, бидејќи „емотивно ја уништил“.
Ерика два месеци била во врска со Роналдо, иако, како што вели таа, тој веќе бил во врска. Португалецот редовно се гледал и се допишувал со неа. Тоа целосно ја скршило.
Поради тоа таа подготвила тужба и ќе бара паричен надомест за претрпена душевна болка.
„Ми пишуваа дека сум проститутка, дека треба да умрам, дека не никаде нема да бидам безбедна. Поради тоа не можев да спијам, јадам, со денови не излегував од дома“, рекла Ерика.
Таа и во минатото има зборувано за својот однос со Кристијано Роналдо.
„Доцнев и тоа многу го налути. Беше некултурен, што не ми се допадна, а рече дека има малку време бидејќи имал и други обврски. Веднаш му ставив до знаење дека не сум девојка за 15 минути или за половина час и си заминав. Сакав да излезам со него, но тој ме гледаше како објект, не како жена“.
Ерика Канела минатата година во Бразил стана „Мис бум бум“. Ова и аферата со Португалецот ја направија славна. Инаку таа има само 20 години.