Светскиот рекет број 1, Роџер Федерер, во неделата не успеа да ја одбрани титулата на мастерсот во Индијан Велс. Швајцарецот беше поразен од Хуан Мартин дел Потро со 2:1 (6:4, 6:7, 7:6).
Федерер и Дел Потро го одиграа најдобриот меч од почетокот на годината, меч кој вројатно ќе влезе во најдобрите пет оваа сезона. Аргентинецот победи и ја освои првата мастерс титула во кариерата и ја прекина серијата од 17 победи во која се наоѓаше Федерер.
Швајцарецот во текот на целиот турнир, особено во полу-финалето и финалето, покажа голем степен на нервоза, нешто што не екарактеристочно за него.
Својата „темна страна“, Федерер ја покажа во финишот на вториот сет, во тај-брејкот кога с екршеше резултатот. Швајцарецот доби поен и започна да слави израмнување во сетови 1:1, кога судијата му дозволи челинџ на Дел Потро.
Федерер гласно негодуваше, бидејќи противникот малку доцнеше со барањето на челинџот, а кога го доби сетот со пцости го „почести“ главниот судија.
Нервозата не му помогна на Федерер, кој при резултат 5:4 сервирашше за мечот, пропушти три меч топки и на крајот загуби.