Top Sport

Пјаниќ со смајли му одговори на Куман

Миралем Пјаниќ никако не може да се избори за место во првиот тим на Барселона. Репрезентативецот на БиХ, најчесто влегува како резерва, или воопшто не игра. Роналд Куман му порачал дека мора да вложи повеќе труд за да добие повеќе минути на теренот.

„Пјаниќ мора да работи за да донесе некоја промена. Во големите тимови секогаш постои жестока конкуренција, тешко е да се наметнеш. На крајот секогаш најдобрите ќе играат. Пјаниќ во последните натпревари не играше бидејќи предност имаа Бускетс, Педри и Де Јонг“, рекол Куман.

Неколку часа по оваа изјава Пјаниќ на Инстаграм објавил смајли кој „умира од смеење“. По неколку минути тој ја избришал објавата.

Пд почетокот на сезоната Пјаниќ одиграл 20 натпревари. Во просек на секој натпревар играл по 45 минути.

 

Scroll to Top