Легендата на италијанскиот и светскиот фудбал, Џанлуиџи Буфон, го прифати повикот на привремениот селектор Луиџ Ди Бјаџо, за пријателските натпревари против Аргентина и Англија.
По поразот од Шведска во баражот за пласман на Светското првенство во Русија, Буфон најави повлекување од националниот тим, со образложение дека повеќе не треба да им го зазема местото на младите.
Ди Бјаџо пак уште пред да го објави списокот за дуелите со Аргентина и Акнглија, најави дека Буфон ќе добие повик, бидејќи „заслужува да се прости на поинаов начин од репрезентацијата“.
„Јас сум личност што држи до себе, личност го чувство на одговорност. ООва е доволно за повторно да бидам присутен во репрезентацијата. Исто така, секогаш сум бил елементот што обединува во репрезентацијата и моето присуство секогаш се гледа на тој начин. Некои млади момци растат, некои се веќе зрели да ја водат екипата и сите тие ќе добијат шанса“, рекол Буфон откривајќи уште една причина зошто го прифатил повикот на Ди Бјаџо.
„Давиде Астори е една од причините што сум повоторно во репрезентацијата’“.
Италија во петок ќе игра против Аргентина во Манчестер, а во вторник ќе ги одмери силите со Англија.