Македоснската ракометна репрезентација, со пораз од Словенија (21:31), ја започна втората фаза на 27.Светско првенство во Египет. До крајот на главната фаза, Македонија ќе игра потив Русија и Белорусија.
Во пресрет на утрешниот натпревар со Русија (15.30 часот), селекторот Данило Брестовац, соочен со реалноста, вели дека долг е патот до создавање на квалитетна репрезентација. Вината за ова ја гледа и во клубовите, кои трупаат странски играчи на сите позиции, а домашните ракометари ги испраќаат да играат во Б-екипите.
За она што се случува во Египет, вели дека, повеќето играчи, со оглед на корона-кризата, одиграле многу малку натпревари во првиот дел од сезоната, што влијаело врз физичката подготвеност и формата.
„Мораме да почнеме да создаваме играчи, не сме ние Франција па да имаме 20 леви бека и да го одбереме оној кој е во најдобра форма. Мораме да се погледнеме во очи, ние немаме играчи во домашното првенство. Носиме странци, испаѓаат во плеј-аут и носат странци, а нашите ќе ги прекомандуваат во Б-тимовите и после прашуваат зошто не е во репрезентацијата на СП. Читам Вардар го купиле Ѓукиќ. Зошто во Вардар Џомба да не е прво, Јагуриновски второ крило? И да ги имав постарите играчи ќе губевме овде, ќе губевме со 3-4 гола разлика. Сега уште и добро поминуваме, не чека и полошо, кога ќе се повлечат Киро, Столе, Жаре…“, рекол селекторот на Македонија, Данило Брестовац.
фото/macedoniahandball.com.mk