Кристијано Роналдо во последниот месец има постигнато 17 гола, а во трката за најдобар стрелец му се доближи на Меси на три гола, иако пред неколку месеци тоа делуваше како невозможна мисија.
Португалецот во ноември минатата година постигна само еден гол во првенството, додека неговиот конкурент Меси 12 пати ги тресеше противничките мрежи.
Во тој период медиумите се занимаваа со формата на Роналдо и го поставуваа прашањето дали се ближи крајот на неговата кариера.
Шпанските медиуми открија дека за подемот на формата на напаѓачот бил виновен облогот што Роналдо го направил со соиграчите Лука Мордиќ и Серхио рамос.
Токму во ноември минатата година тој се обложил со овие двајца дека на крајот од сезоната ќе биде прв стрелец во лигата.
Според истите извори, станува збор за голема сума на пари кои победникот ќе ги упчати во хуманитарни цели.
Португалецот голгетерски „експлодира“ по Новата година и за само два месеци му се доближи на Меси на само три гола. на девет од последните натпревари тој бил стрелец, вчера постигна четири гола против Џирона, а дури пет пати бил двоен стрелец.
Покрај титулата најдобар стрелец во Ла Лига, интересна ќе биде и борбата за „Златната копачка“, каде лидер е Мохамед Салах со 28 гола, а Роналдо со 22 е на осмото место.
Златна копачка на Европа 2017/2018:
1. Мохамед Салах (Ливерпул) 28 гола
2. Лионел Меси (Барселона) 24
3. Единсон Кавани (ПСЖ) 24
4. Чиро Имобиле (Лацио) 24
5. Хари Кејн (Тотенхем) 24