Голманот на фудбалскиот клуб Њупорт, Том Кинг, во вторникот постави светски рекорд. На натпреварот во Лига 2, помеѓу Њупорт и Челтнам (1:1), Кинг од пред својот гол испрати топка која заврши зад грбот на неговиот колега од Челтнам.
Неколку дена по постигнатиот ден ФИФА го потврди рекордот на Кинг. Голот е постигнат од најголема далечина во историјата на фудбалот. Во ФИФА измериле дека Кинг ја наместил топката на 96,01 метри од голот на противникот.
Според податоците во Гинисовата книга на рекорди, претходниот рекорд го држел Асмир Беговиќ. Пред седум години, додека бранеше за Стоук, Беговиќ против Саутемптон постигна гол од далечина од 91,9 метри.
? According to @GWR there is a new record for longest goal scored in a competitive match: 96.01 metres by @NewportCounty goalkeeper Tom King ?
? @SkySports pic.twitter.com/3OfoQywbKL
— FIFA.com (@FIFAcom) January 21, 2021