Француските клубови Марсеј и Лион ги очекуваат дисциплински постапки по проблемите со навивачите на мечевите од Лигата на Европа минатата недела.
Навивачите на Лион се тепаа со полицијата пред нивниот стадион, кој оваа година ќе биде домаќин на финалето на Лигата на Европа по мечот против ЦСКА Москва. Во инцидентот беа повредени неколку полицајци.
„Се работи за мала група на индивидуалци со маски, кои не се дел од официјалните навивачки групи на клубот“, се вели во соопштението на тимот.
УЕФА исто така го обвини Лион за „расистичко однесување“ на навивачите, а казната може да биде дури и исклучување од европските натпреварувања.
Марсеј од друга страна ќе биде казнет за проблемите пред дуелот со Атлетик Билбао, но нивните обвиненија се помали – проблеми со публиката и користење пиротехника.
Фото: ЕПА