Џек Вилшир, некогашната голема надеж на Арсенал и Ангилија, кој во моментов е без клуб, се присетил на натпреварот што го одиграл во дресот на Арсенал против Барселона во 2011 година.
Арсенал, тој натпревар одигран во осмина-финалето во Лигата на шампионите, го добија со 2:1. Стрелци на головите беа Ван Перси и Аршавин.
Вилшир тогаш уште беше тинејџер, а на прашањето од кого научил најмногу, без пардон одговорил.
„Не можев многу да научам, сите беа во мојот џеб“.
Во редот за врска на Барселона тогаш играа легендите Чави, Иниеста и Бускетс.
За потсетување, во септември 2008 година, против Блекбурн, на возраст од 16 години и 256 дена, Вилшир стана најмладиот дебитант во историјата на Арсенал.