„Ебано не!“ – таква била реакцијата на Маркос Рохо кога му соопштиле дека Алексис Санчез ќе биде негов клупски колега во Манчестер јунајтед.
Аргентинскиот интернационалец признава дека никогаш не се „мирисал“ со Чилеанецот и дека секогаш на теренот се обидувал добро да го „исклоца“.
„Секогаш кога игравме еден против друг, дали Аргентина и Чиле, или Јунајтед и Арсенал, се обидував добро да го шутнам, а и тој не ме штедеше. Покрај тоа, постојано го навредував, како и тој мене“, открива Рохо.
За среќа, Алексис не ја задржал лутината и двајцата сега се „добри односи“. Покрај тоа Рохо ја открива и реакцијата која ја имал менаџерот Жозе Мурињо пред комплетирањето на трансферот.
„Жозе дојде и ми кажа: ’Ќе потпишеме со Алексис. Не сакам утре да го скршил на тренинг’. По што почна гласно да се смее“, открива Рохо.