Top Sport

Солскјер: Нема да се засилуваме, имам квалитетен тим

Менџерот на Манчестер јунајтед, Оле Гунар Солскјер, смета дека на му се потребни засилувања во зимскиот преоден рок.

„Црвените ѓаволи“ се наоѓаат на второто место на табелата, со поен помалку од градските ривали Сити. Тимот на Солскјер, во неделата, избори пласман во осмина-финалето во ФА Купот, со победата над Ливерпул (3:2).

Во пресрет на натпреварот со Шефилд јунајтед, новинарите го прашале Солскјер да ли дополнително ќе го засилува тимот.

„Имам силен и квалитетен тим. Само доколку не се случи нешто непланирано може да размислуваме за засилувања. Поради тоа мислам дека немаме потреба од нови играчи, никој нема да дојде во Манчестер јунајтед“, рекол Солскјер.

Манчестер јунајтед, вечерва од 21.15 часот, ќе го пречекаа „фенерџијата“, Шефилд јунајтед.

Scroll to Top