Напаѓачот на Универзидад де Консепсион, Жан Менесес го имаше едно од најнверојатните „паѓања“ за да помогне неговиот клуб да стигне до победа над Коло коло во чилеанската Примера дивизион во неделата.
При резултат 1:1 во 85. минута, крилото украде топка од дефанзивецот во шестнаесетникот, пред акробатски да се фрли на тревата, а уште поневеројатно судијата му го призна тоа и додели пенал. Фернандо Манрикез беше сигурен од белата точка.
25-годишниот Менесес дури се бранеше за неговиот потег.
„Мора да се искористи фактот што играчите не смеат да ги допираат напаѓачите во шестнаесетникот. Затоа се изграв и дозволив да паднам“, изјави Мененсес.