Судирот меѓу Златан Ибрахимовиќ и Ромелу Лукаку на синоќешното Куп четвртфинале меѓу Милан и Интер и понатаму е главна тема во светските медиуми.
По грдите зборови што си ги изнакажаа двајцата фудбалски мајстори, соиграчите едвај спречија физичка пресметка. Сега се актуелните нагаѓањата – кој ќе победеше доколку дојдеше до борба?
Меѓудругите, се огласи и Хабиб Нурмагомедов, непоразениот ММА шампион кој го обелодени својот фаворит.
Дагестанецот на Инстаграм профилот „4-3-3″ го означи Ибрахимовиќ како свој фаворит и на тој начин му врати услуга на Швеѓанецот затоа што Ибрахимовиќ прогнозираше победа на Нурмагомедов против Конор Мекгрегор.
Тие двајца се инаку добри пријатели, а Хабиб изрази надеж дека нема да мора да се вмеша ако Златан не може да излезе на крај со Белгиецот.
— Follow @Futball_Karim (@Se7enCLs) January 27, 2021