Барселона треба да го искористат сопственото мото „повеќе од клуб“ на одредувањето на цената на билетите, порача римскиот весник „Ил романиста“ по цените од 90 евра за билет за четврт-финалето од Лигата на шампионите против Рома.
Весникот објави копија од отвореното писмо до претседателот на Барселона, Жозеп Марија Бартомеу, жалејќи се на цените на билетите за мечот на 4 април, чија цена ќе почне од 90 евра.
„Ако продолжите вака, навивањето за клуб ќе стане непристапен луксуз за голем број на навивачи. Вашиот клуб секогаш бил уникатен во фудбалот според класата на и надвор од терените. Покажете уште еднаш дека сте повеќе од клуб. Имаме верба дека ќе ја разгледате оваа петиција“, се вели во писмото објавено на италијански и на каталонски јазик.
Слична ситуација имаше и во осминафиналето на Лигата на шампионите во дуелот меѓу Манчестер јунајтед и Севилја. Шпанскиот клуб прво реши да ги цени билетите за англиските фанови од 89 до 133 фунти, по што Јунајтед одговори со враќање на пари на навивачите кои купија билети – точно 35 фунти, кои ги наплатија од навивачите на Севилја на реваншот на „Олд Трафорд“.