Капитенот на Арсенал, Пјер-Емерик Обамејанг откри дека не играл за „топчиите“ на вчерашниот меч против Саутемптон за да може да се грижи за својата болна мајка.
Вчера, неговото отсуство беше објаснето со „лични причини“, а Никола Пепе и Александер Лаказет ги посветија своите голови во 3:1 победата на Обамејанг. Габонецот се заблагодари на социјалните мрежи за пораките на поддршка.
„Момци, благодарам за сите пораки кои ги добив во последните неколку дена. Мојата мајка минува низ некои здравствени проблеми и морам да бидам тука за неа. Таа сега се чувствува подобро и вечерва ќе бидеме дома. Благодарен сум на здравствените работници за помошта. Благодарам на семејството од Арсенал за поддршката. Едвај чекам да се вратам“, напиша Обамејанг.
— AUBA⚡️ (@Aubameyang7) January 27, 2021