Шампионите во сингл на Франција опен оваа година ќе заработат 2.2 милиони евра, зголемување од 100.000 евра од минатата година, потврди директорот на турнирот Ги Форже.
Вкупниот награден фонд на вториот гренд слем од новата сезона скокнува за 10 отсто, од 36 милиони евра на 39.2 милиони евра, а значително ќе пораснат и парите за тие кои ќе играат квалификации или ќе загубат во првото коло. За игра во првото коло се добива 40.000 евра, 5.000 евра повеќе од лани.
И покрај ова, Франција опен останува „најмалиот“ гренд слем, откако Австралија опен во јануари го зголеми наградниот фонд за 10 отсто, а шампионите добија рекордни 4 милиони австралиски долари (2.5 милиони евра). Шампионите од Вимблдон лани освоија по 2.2 милиони фунти, додека шампионите од САД опен по фантастични 3.7 милиони долари.
Ролан Гарос 2018 почнува на 21 март во Париз.
Фото: ЕПА