Top Sport

Роналдо повторно ги прекршил ковид-протиколите

Кристијано Роналдо, би можел да има сериозни проблеми со италијанските власти, бидејќи повторно ги прекршил корна-протоколите.

Роналдо, на скијање го прославил роденденот на својата девојка Георгина. Проблем е што тие биле во Вал Д’Аост, каде во моментов не се дозволени патувања.

Овој зимски центар се наоѓа во регион, кој според италијанските власит се наоѓа во ризчна зона. Патувања во овој регион им се дозволени само на лицата кои таму поседуваат недвижнини.

Крситијано Роналдо не играше во средата, во Куп натпреварот, против СПАЛ. Одморо го искористи за да „избега“ на скијање.

Агенцијата АНСА, пишува дека активностите на славниот фудбалер ги истражува полицијата.

Ова ен е прв пат Роналдо да ги прекрши безбедносните протоколи на италијанските власти. Во октомври, се зарази со коронавирусот на подготовките на репрезентацијата, па си приватен лет се врати во Италија, додека за божикните празници беше во Дубаи.

Scroll to Top