Рафаел Надал го совлада Доминик Тим со 2-0 (7-5 и 6-4) на егзибициски меч во Аделаида и ја покажа добрата форма пред почетокот на Австралија опен.
Мечот траеше 85 минути, а околу 4.000 навивачи на трибините можеа да учествуваат во одличната претстава.
По последниот поен на мечот, Надал го шутна топчето кон публиката со насмевка на лицето, па истакна дека е прекрасно што повторно може да настапуваат пред публика.
„Беше тешка година за целиот свет, за нас во Шпанија посебно, вирусот многу силно не удри, се уште сме во тешка ситуација. Австралија е фантастичен пример како пандемијата се става под контрола, честитки за целата земја. Последните 2 недели беа сјајни, не е идеално 14 дена да си во карантин, но мораме да правиме и такви работи. Прекрасно е што сум првпат овде во Аделаида и што настапувам пред публика, имав добра подготовка за АО, го освоив овој турнир во 2009 година, ќе дадам се од себе тоа да се повтори“ рече Надал.
Vamos! ?
Thank you @RafaelNadal and @ThiemDomi for these wonderful memories in Adelaide ✨#AdelaideTennis pic.twitter.com/RxJ2xpl8Yh
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2021
Long may you play, @RafaelNadal ? ?? ?#AdelaideTennis pic.twitter.com/X1GLkAOG09
— #AusOpen (@AustralianOpen) January 29, 2021