Top Sport

Јунајтед со „Бундеслига рецепт“ за подобра атмосфера на „Олд Трафорд“

Манчестер јунајтед имаат во план неколку мерки за да ја подобрат атмоферата на „Олд Трафорд“, откако менаџерот Жозе Мурињо неколку пати се пожали на „тивкиот стадион“ и ефектот кој го има ова на неговиот тим.

Според британскиот весник „Тајмс“, Јунајтед веќе имаат подготвено текстови на најпознатите навивачки песни кои ќе се делат при влезот на стадионот, додека еден од предлозите на навивачките групи биле дозволување на „навивачи“ со мегафони кои слично како во Бундеслигата ќе ги охрабруваат фановите да бидат погласни.

Сепак, најпопуларната песна на „Олд Трафорд“ оваа сезона е едноставната „Напад, напад, напад…“, така што Мурињо би можел да размисли тимот полн со возбудливи и креативни играчи од средината и нападот да го пушти во слободен напад.

Мурињо и шефовите разочарани од тивкиот „Олд Трафорд“

Scroll to Top