Македонската репрезентација до 19 години загуби со 1:2 од Летонија за со пораз да ги стартува квалификациите за Европското првенство во Финска во 2019 година.
По одличниот настап на прет-квалификациите и победите над Белгија, Швајцарија и Лихтенштајн, се очекуваше победа против Летонците, кои направија предност од 0:2 преку два гола на Самоиловс во 42. и 56. минута. Димитар Митровски од пенал намали на 1:1 во 88. минута, но немаше доволно време да се обезбеди барем реми.
Во вториот меч од нашата група, актуелните шампиони на титулата, Англија, се вратија од гол негатива на полувремето за убедлива 4:1 победа над Унгарија. Следен меч на момците е против Унгарија в сабота, каде што мора да се победи ако сака да се остане во игра за првото место, единствено кое носи на шампионатот.