Лионел Меси ова лето ќе се обиде да стигне до титулата која му недостасува во колекцијата, и по која најмногу копнее – титула од Светското првенство од фудбал, и последниот совет кој го доби дојде од неочекувано место, од американската ТВ-ѕвезда, Опра Винфри.
Меси, според многумина е најдобриот во историјата на фудбалот, но критичарите посочуваат дека неуспехот со аргентинската репрезентација е голем минус. Најголемиот успех Меси и Аргентина го имаа на претходното СП во Бразил, каде што ги елиминираа Белгија и Холандија на патот до финалето, пред да загубат од Германија во продолжението во Рио. Меси постигна четири гола на тоа СП, но трофејот му „избега“.
64-годишната Винфри, оценета како највлијателната жена на светот, има богатство од 2.8 милијарди долари, и аргентинската ТВ побара од неа да му даде порака на Меси пред Мундијалот.
„Меси оваа порака е за тебе, иако верувам дека ова го знаеш и однапред. Мора да одиш длабоко во себеси, и да ја најдеш целата сила која ја имаш одвнатре. Меси, биди воин!“, му порача Винфри на Меси.
Веруваме дека Меси му недостасуваше САМО таква порака.
Фото: ЕПА