Top Sport

Го ограбиле домот на Икарди во Париз додека тој губеше кај Лориен

Додека Мауро Икарди играше со ПСЖ нагости кај Лориен во првенствено коло во Лига 1 (неочекуван пораз од 3-2), имал „неповикани гости“ во својот дом во Париз.

Според информацијата од француските медиуми, во домот на напаѓачот на „Светците“ влегле крадци и оттаму однеле поголема сума пари, но и останати драгоцености. Се пренесува дека штетата која му е направена е над 400.000 евра.

Се чини дека крадците внимателно го следеле движењето на Икарди, па ја искористиле можноста што семејството не му е во Париз, за да извршат „претрес“ во неговиот дом.

Најавена е темелна истрага.

Scroll to Top