Српскиот фудбалски гигант Црвена звезда преку Инстаграм се пофали со подобрувањата на нивниот стадион „Рајко Митиќ“ или популарната „Маракана“, направени во последната година дена.
Главен плус, секако, е промената на теренот на стадионот, бидејќи многу ривали се жалеа на лошиот терен за игра. По речиси две децении, тимот исто така ги смени седиштата на северната трибина, како и написот „Делии“.
Звезда парите од настапот во Лигата на Европа најави дека ќе ги искористи за реконструкција на западната трибина.