Легендарниот капитен на Милан, Паоло Малдини со своите скаути пронајде млад талент – 17 годишен Србин кој најверојатно ќе настапува за селекцијата на Унгарија, стандарден член на унгарскиот второлигаш Ѓер.
Скаутите на Милан го снимиле талентираниот Милош Керкез кој игра на позиција лев бек (на истата позиција настапуваше и Малдини), па го препорачале кај спортскиот директор кој му дава шанса на младиот фудбалер.
Керкез не го криел воодушевувањето што од Втора лига во Унгарија ќе има можност да игра во седумкратниот првак во Европа.
Интерес за младиот играч пројавил и Јувентус, но „Росонерите“ биле побрзи.
„Паоло Малдини за мене е најдобриот лев бек некогаш што играч, а Тео Ернандез е еден од предводниците на денешната генерација“ рече Керкез.
Milos #Kerkez, 17 anni, è un nuovo giocatore del Milan, arriva dall’ETO FC Győr.
Ungherese, come anticipato terzino sinistro.
✍??⚫️✅ https://t.co/rVBrY7bVg9 pic.twitter.com/U9tJmubSNw— Calciomersiani (@Sianews_) February 1, 2021