Претедателот на ФИФА, Џани Инфантино рече дека сите официјални лица и фудбалери кои во март годинава ќе играат мечеви од квалификациите за Мундијалот во Катар 2022 година ќе мора да се придржуваат до мерките и правилата во пандемија.
„Сигурно нема да го ризикуваме здравјето на било кого додека играме фудбал“ рече Инфантино.
Поради пандемијата на коронавирусот одложени се бројни мечеви во квалификациите, а ФИФА мора да пронајде слободни термини кога тие да се одиграат.
Во март 2021 година вкупно 135 репрезентации ќе играат натпревари во квалификациите, а уште 48 селекции во Купот на афричките нации.
„Ќе видиме каде ќе можеме да играме, во кои услови. Стадионите ќе бидат полни, тоа мора да го имаме, а Ковид 19 до тогаш ќе биде победен“ рече Инфантино.