Top Sport

Челниците на Рома бараат итен состанок Џеко – Фонсека

Италијанските медиуми денеска објавуваат информација дека челниците на Рома, американското семејство Фредкин побарале итен состанок меѓу голгетерот Един Џеко и тренерот на екипата, Паоло Фонсека.

Газдите на „волчицата“ сакаат да ги разрешат сите несогласувања на релација фудбалер – тренер, а наводно до таа средба ќе дојде уште денеска.

Фонсека сака да го заштити својот авторитет по кавгата со репрезентативецот на БиХ (побара да си оди од Рома уште во јануарскиот преоден рок), но интересот на клубот е на прво место. Иако на страната на Фонсека одат добрите резултати на клубот од „Олимпико“, сепак навивачите на Рома застанаа на страната на фудбалерот.


Токму поради тоа, пласирана е информацијата дека сопствениците на клубот имале состанок со Масимилијано Алегри и му било понудено да застане на кормилото на римскиот клуб по завршувањето на сезоната.

Scroll to Top