Олимписките игри во Токио кои требаше да се одржат минатата година во Токио, а кои беа одложени поради пандемијата на коронавирусот во светот оваа година со сигурност ќе се одржат, потврдија организаторите од Јапонија.
Иако здравјето е на прво место, од Токио уверуваат дека ОИ сигурно ќе се одржат од 23. јули до 8 август.
„Ќе се погрижиме ОИ да се одржат без оглед на ситуацијата со Ковид 19 и со тоа ја заклучуваме расправата по тоа прашање“ потврди претседателот на Организацискиот одбор на Летните олимписки игри во Токио, Јоширо Мори.
Останува отворено прашањето како планира Јапонија да го организира најсложениот спортски настан помеѓу порастот на бројот на нови случаи инфицирани со вирусот и глобалните проблеми со вакцината против коронавирусот.
Јапонија веќе претрпе големи финансиски загуби поради одлагањето и затоа јасна е намерата ова лето игрите да се одржат.