Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини, најавил заминување од функцијата по Светското првенство во Катар. Манчини, ја врати Италија во еврпскиот врв, со брилијантниот настап во квалификациите за ЕП. Италија во квалификациската група забележа десет победи на исто толку натпревари.
Задоволни неговата работа, челниците на Фудбалскиот сојуз на Италија, му понудиле нов договор, кој Манчини не го прифатил.
„По СП во катар нема да бидам селектор на Италија. Повторно ќе бидам клупски тренер“, рекол Манчини.
Манчини предложил на функцијата да го наследи еден од овие тројца тренери: Масимилијано Алегри, Карло Анчелоти и Џанпјеро Гасперини.