Top Sport

Пола Исланд сака во Русија

Светската фудбалска федерација (ФИФА) објави дека 66.000 Исланѓани аплицирале за влезници за Светското првенство во Русија. Досега до ФИФА прстигнале 3,7 милиони барања за билети за натпреварите на мундијалот.

Исланд е држава која има 335.000 жители, што значи дека 20 отсто од жителите испратиле апликации за билети.

Исланд прв пат во својата историја ќе биде учесник на едно светско првенство. Пред две години оваа земја дебитираше на европските првенства, беше едно од најпријатните изнандувања, а неговите навивачи го воодушевија фудбалскиот свет.

Доколку сите оние што се заинтересирани во живо да гледаат натпревари на светското првенство добијат влезници од ФИФА, Исланд во време на СП ќе остане без една петтитна од вкупната популација.

Scroll to Top