Еден од новинарите кои во Шпанија секогаш имаа најдобри информации, Ориел Доменек, раскажал како Џозеп Марија Бартомеу успеал да го убеди Френки Де Јонг, од Ајакс да се пресели во Барселона.
Младиот фудбалер, летото во 2019 година, имал дилема каде да ја продолжи кариерата во Барселона или Манчестер сити, а во своите редови го сакале и ПСЖ.
„Бартомеу лошо зборувал за Манчестер сити и ПСЖ. На Де Јонг му рекол дека тоа се клубови без навивачи и без душа. Тој на Де Јонг му кажа се она што фудбалерот сакаше да чуе: дека ќе биде клучен играч на Барса, дека клубот врз него ќе ја гради играта во наредната деценија…На крајот му рекол дека доколку не ја прифати понудата на Барселона, да се пресели во Манчестер сити кај најдобриот тренер во светот Пеп Гвардиола, а никако да не оди во ПСЖ“, раскажал Доменек.
Новинарот дополнил дека Дд Јонг имал намера да се пресели во Манчестер сити. Бил во Англија се сретнал со Гвардиола и спортскиот директор Чики Бегеристаин, но откако се сретнал со Бартомеу се премислил и ја прифатил понудата од „Ноу Камп“.