„Црно облаци“ се надвија над првиот Гренд слем во сезоната, Австралија опен. Неизвесно е во каков формат ќе се одржи турнирот. Ситуацијата е вложена по вчерашната објава дека, еден од вработените во хотелот, во кој се сместени тенисерите и дел персоналот на турнирот, е заразен со коронавирусот.
Светските медиуми пишуваат дека организаторите имаат намера турнирот да се одржи по секоја цена, дури и да има драстични измени во форматот.
Директорот на турнирот, Крег Тајли, открил дека постои можност, мечевите да се играат во три сета и тоа на четири гема.
„Тениската асоцијација, заедно со АТП и ВТА, бара начин според кој би се одржал турнирот. Постои можност форматот да биде изменет“, рекол Тајли.
Утре треба да се одржи ждрепката за првиот Гренд слем во сезоната.
Минатата сезона во Мелбурн победија Новак Ѓоковиќ во машка и Софија Кенин во женска конкуренција.