Тренерот на Барселона, Роналд Куман, бесот кој го собрал на натпреварот против Гранда го насочил кон Париз. Барселона на драматичен начин успеа да ја мине Гранда во четврт-финалето на Купот.
На Куман не му се допаѓа начинот на кој функционерите и фудбалерите на ПСЖ го канат Лионел Меси да се пресели во Париз.
Нејмар, пред две недели, изјави нема да се врати во Барселона, но дека би сакал наредната сезона повторно да биде соиграч со Меси. Синоќа, колегата на Меси од репрезентацијата на Аргентина, Анхел Ди Марија, рекол дека голема е веројатноста наредната сезона Меси да им се приклучи во ПСЖ.
„Тоа е непочитување. Не е убаво луѓето од ПСЖ вака да зборуваат за играч кој се уште е под договор со Барселона“, рекол Куман и дополнил.
„Со намера прават тензии пред нашиот натпревар во Лигата на шампионите“.
Инаку, договорот на Меси со Барселона важи до крајот на сезоната и тој може да преговара со други тимови.