Top Sport

Полициски сили ги блокирале стадионите на Партизан и Црвена звезда

Во голема полициска акција, во Белград, специјалците ги блокирале приодите кон стадионите на фудбалските клубови Партизан и Црвена звезда. Полицијата врше претреси во просторите на клубовите, поради што биле откажани утринските тренинзи на младинските категории, а редовниот тренинг не го одржал ниту првиот тим на Црвена звезда.

Полицијата, според српските медиуми, досега уапсила 16 лица, кои за своите активности ја користеле навивачката група на Паризан. Во акцијата бил уапсен водачот на групата „Принципи“, Вељко Беливук.

Повеќе информации за големата акција српското МВР најави во текот на денот.

Scroll to Top