Top Sport

Обложувалницата „Педи пауер“ почна да исплаќа за титула на Манчестер сити

Англиската обложувалница „Педи пауер“ сензационално почна да ги исплаќа тикетите за Манчестер сити да ја освои Премиер лигата пред големото дерби со Ливерпул.

„Тие мислат дека е готово. Па, во основа е, и затоа ги исплативме облозите за Манчестер сити да ја освои титулата од Премиер лигата во 2020/21. Извинете Ливерпул. Извинете Ман јунајтед“, напишаа од обложувалницата.

По ремито со Вест Бром дома, Сити имаат девет победи во низа и се на првото место на табелата со три поени пред Јунајтед и меч помалку.

Scroll to Top