Top Sport

Европскиот шампион лесно против Звезда

Фенербахче со 80:63 триумфираше на гостувањето кај Црвена звезда во Белград во 28. коло на Евролигата, покажувајќи уште еднаш дека имаат исто  толку моќен тим како и минатата сезона.

Тимот на Жељко Обрадовиќ водеше од првата до последната минута, не давајќи им шанса на домаќините да се вратат во игра, а во поголемиот дел од мечот разликата беше двоцифрена.

По 40:31 на полувреме, турскиот гигант ја покажа силата во третата четвртина, и преку одличниот Боби Диксон прават дури 24 разлика (41:65). Диксон на крајот заврши со 25 поени, додека кај Звезда најдобар беше Дејан Давидовац со 18 поени.

Македонскиот интернационалец, Перо Антиќ, одигра нешто повеќе од 14 минути против својот поранешен клуб, не се запиша во листата на стрелците (имаше два обиди за тројка) и имаше три скока.

Scroll to Top