ФИФА, донесе правило, кое им дозволива на клубовите да ги спречат фудбалерите да играат за своите репрезентации. Ова правило, ФИФА, го донесе поради епидемиолошките мерки кои се преминуваат во државите.
За еден месец, ќе започнат квалификациите за пласман на Светското првенство во Катар. Тоа значи дека во 135 селекции, ќе настапат преку 3.000 фудбалери. Многумина од нов ќе мора да патуваат ширум светот за да им се приклучат на своите национални тимови.
Клубовите можат да ги спречат фудбалерите да играат за репрезентациите, доколку во државите во кои потоа треба да се вратат, треба да минат во карантин најмалку пет дена.
Велика Британија, на пример, има „црвена листа“ на држави на која се Португалија, Северна Америка и делови од Северна Африка. За луѓето кои патуваат во овие подрачја, по враќањето во Британија, задолжителен е десет дневен карантин.
Во вој случај, Поругалците можат да бидат силно хендикепирани, бидејќи многу играчи настапуваат во Премиер лигата: Бруно Фернандеш, Бернардо Силва, Нелсон Семедо, Диого Жота, Жоао Мутињо, Педро Нето, Рубен Невеш, Руи Патрисио…
Претседателот на ФИФА, Џани Инфантно, рекол дека фудбалерите, кои во март, ќе патуваат во странство, ќе мора и да се придржуваат на здравствените правила донесени поради пандемијата со коронавирусот.