Серхио Рамос, претпладнево бил опериран, што значи дека го очекува пауза од шест до седум недели.
Капитенот на Реал, го повредил коленот, на натпреварот во Суперкупот на Шпанија, против Атлетик Билабо.
Дек препишаната терапија не дала резултат, на клупските лекари им станало јасно во текот на вчерашниот тренинг. Рамос, не издржал до крајот, по што експресно била донесена одлуката да го оперира менискусот.
Реал ќе биде без Рамос, во неколку значајни натпревари, во наредниот период. Капитенот ќе го пропушти полу-финалниот двобој до Аталанта во Лигата на шампионите и градското дерби со Атлетико.