Галатасарај е новиот лидер во турскиот шампионат. Екипата на Фатих Терми, во дербито, славеше кај Фенербахче со 1:0 и од најголемиот ривал ја презеде челната позиција на табелата. Двата тима по 23 кола имаат по 48 поени, но Галтасарај имаат подобра гол-разлика. Три бода помалку на третото место има Бешикташ.
Големата победа на Галатасарај , на „Шукур Саракоглу“,им ја донесе Мостафа Мохамед, со голот постигнат на почетокот од вториот дел.
Фенербахче, во 76.минута, постигнаа гол, Езил нафрли, а Туфан го совлада Муслера, меѓутоа ВАР „виде“ милиметерски офсајд и голот беше поништен.