Реал Сосиедад ја прекинаа низата од четири меча без победа, совладувајќи ги Кадиз со 4:1 во меч од 22. коло во Ла лига, останувајќи во трка за топ 4 пласман и место во Лигата на шампионите.
Микел Ојарзабал прво во 26. минута од пенал ги донесе Сосиедад во водство, пред само осум минути подоцна да го удвои водството. Работата на домаќините стана полесна откако Маркос Мауро доби директен црвен картон за неспортски удар со лактот, по што Александер Исак за пет минути (54. и 59.) ги „доврши“ Кадиз. Гостите постигнаа утешителен гол во 80-тата минута преку Искиердо.
Сосиедад се на шестото место на табелата со 36 поени, четири помалку од четвртопласираната Барселона. Новиот прволигаш Кадиз, по импресивниот старт на сезоната има три порази во низа и е на 13. место со 24 поени.