Колумбија на „Стад де Франс“ се врати од 2:0 негатива по неполни половина час игра, за да направи целосен пресврт и со 3:2 да ги победи фаворизираните Французим на Дидие Дешам.
Сѐ изгледаше подготвено за одлична победа за кревање на моралот на „галските петли“, кои според имињата ја имаат можеби најсилната репрезентација на светот. Оливие Жиру со одличната реакција во 11. минута и Томас Лемар со голот по супер-нападот на „галските петли“ во 26. минута донесоа 2:0 водство на воодушевување на домашната публика.
Меѓутоа, Колумбијците не се шегуваа. Во 28. минута бргу намалија на 2:1 со голот на Муриел, за Радамел Фалкао во 62. минута да израмни по одличното додавање од Хамес Родригез. Во 85. минута беше досуден пенал за Колумбијците по еден остар старт, и Хуан Квинтеро од белата точка не згреши за славна победа на Јужноамериканците.
Фото: ЕПА