Top Sport

Вориорс победија, нов малер за Кари (видео)

Стивен Кари постигна 29 поени во 25 минути, пред да го повреди левото колено, додека неговите Голден Стејт со 106:94 ги совладаа Атланта хокс.

Кари, кој се врати по повредата на скочниот зглоб поради која пропушти шест натпревари, беше „закачен“ од колегата Џевејл Мекги во судирот во третата четвртина, по што во болки прво отиде до клупата, а потоа и до соблекувалната.

Ник Јанг постигна 24 поени за Вориорс, кои исто така беа без повредените Кевин Дурент, Дрејмонд Грин и Клеј Томпсон, додека најефикасен за Атланта беше Ториан Принс со 20 поени.

Ламаркус Олдриџ имаше најдобри во неговата кариера 45 поени, од кои 28 во првото полувреме за Сан Антонио да ги совлада Јута по продолжението со 124:120 во меч кој може да има многу последици за плеј-офот.

Донован Мичел постигна тројка на 3.6 секунди пред регуларниот дел за да ги комплчетира фуриозните две минути од последната четвртина за 114:114.Ова беше шеста победа во нзиа за Спарси, кои сега се израмнети со Њу Орлеанс на петтото место на Западот на девет натпревари пред крајот на регуларната сезона. Јута имаат еден меч предност пред Денвер на осмото место на Западот.

Маркус Морис постигна 30 поени за Бостон да се врати од 12 поени негатива за победа кај Портланд. Тери Розиер додаде 16 поени за Селтикс, кои ја добија последната четвртина со 38:23. Лилард и Меккалам имаа по 26 поени за Портланд, кои загубија вторпат едноподруго по низата од 13 победи.

НБА РЕЗУЛТАТИ

Голден Стејт – Атланта 106:94

Портланд – Бостон 100:105

Сан Антонио – Јута 124:120 ОТ

Торонто – Бруклин 116:112

Оклахома сити – Мајами 105:99

Индијана – ЛА Клиперс 109:104

Вашингтон – Денвер 100:108

Кливленд – Феникс 120:95

Њујорк – Минесота 104:108

Чикаго – Милвоки 105:118

Scroll to Top